Residential Building of Ilija Petrov

Buildings/
Куќата на Петрови проектирана индивидуална семејна куќа на Илија Петров и е дело на архитектот Методија Петков. Објектот има скулптурно решена композиција на фасадниот волумен каде аголната поставеност е третирана преку завиената форма во основа, поставување на трем, како и наголемување на целиот волумен на објектот кон аголот. Доколку аголот го поставиме како центар на композицијата, тогаш добиваме локална симетрија на двете аголни фасади, со исклучок на влезот. Композицијата на аголната фасада е третирање на просторната композиција повлечена и дополнета со елементот на балконот на аголот од катот и калканскиот ѕид кој е прекршен со тенденција за зголемување на аголот. Влезната партија е потенцирана со портал, а приземјето е високо. Постои секундарен влез од една од споредните страни до кој се пристапува по надворешно скалиште, за кој претпоставка е дека е за послугата во куќата. Имаме апликација на секундарна пластика на повеќе места на овие фасади. Забележлива е употребата на по три елементи во различни делови на композицијата. Задните две фасади кои се ориентирани кон блокот се доста по смирени и едноставни. Се забележуваат кровни надоѕидоци на повеќе страни од објектот. На аголот на задната страна на објектот е поставено осветлување од фасада.
Period 1930-1939
Investor / Owner Ilija Petrov
City / Municipality Bitola / Bitola
Address Borka Levata St. No. 2
Floors B=GF+1+A
Original typology
Current purpose
Protection status not protected